Фудбал

Драма на „Олд Трафорд“: Керик се скарал со уште една ѕвезда на Манчестер јунајтед

Драма на „Олд Трафорд“: Керик се скарал со уште една ѕвезда на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед поминува низ тешка криза на почетокот на новата сезона, а тренерот Мајкл Керик е под голем притисок по поразот од 1-4 од Комо во Лигата на шампиони (ЛШ).

Англиските медиуми пишуваат дека Керик имал жестока вербална пресметка со бразилскиот фудбалер Матуес Куња за време на натпреварот во Италија.

Куња не оставил добар впечаток на теренот, па Керик реши да го повлече на полувреме, но тоа не му се допадна на Бразилецот кој имал што да му каже на тренерот по натпреварот.

Ова е само уште еден проблем со кој се соочуваат „црвените ѓаволи“, откако претходно и капитенот Бруно Фернандеш го критикуваше тактичкиот пристап на Јунајтед.

„Ѓаволите“ по седум одиграни кола во Премиерлигата се наоѓаат на 13. позиција со само седум освоени бодови, додека во ЛШ по три одиграни рунди имаат три поени и се наоѓаат на 20. место на табелата.