Фудбал

Драма во Швајцарија: Гаштаров асистираше, но Лугано и Алиоски ја шокираа Ц. Звезда (ВИДЕО)

Драма во Швајцарија: Гаштаров асистираше, но Лугано и Алиоски ја шокираа Ц. Звезда (ВИДЕО)

Црвена Звезда доживеа болен пораз на гостувањето кај Лугано на почетокот од настапот во Конференциската лига. Српскиот тим имаше предност во второто полувреме, но во самата завршница дозволи противникот да направи пресврт. Македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров се истакна со асистенција за еден од головите на гостите.

Лугано прв поведе во 25. минута со погодокот на Ајети, но одговорот на Црвена Звезда пристигна брзо. Во 32. минута Гаштаров одлично го проигра Елшник, кој ја искористи шансата и донесе израмнување на 1-1.

Српскиот состав потоа успеа целосно да го сврти резултатот во своја корист. Раде Круниќ во 67. минута ја затресе мрежата на домаќините за водство од 2-1, по што Црвена Звезда се обиде да ја зачува предноста до крајот.

Сепак, Лугано не се предаде и во финишот приреди целосен пресврт. Монкада најпрво донесе израмнување, а потоа Гргиќ од пенал го постигна решавачкиот гол за победа од 3-2 и големо разочарување за гостите.

На натпреварот настапи и вториот македонски репрезентативец Езгјан Алиоски, кој влезе во игра во 79. минута.