Фудбал

Драма во Бразил: Нејмар исклучен поради „правилото на Винисиус“ (ВИДЕО)

Драма во Бразил: Нејмар исклучен поради „правилото на Винисиус“ (ВИДЕО)

Бразилскиот фудбалер Нејмар беше во центар на внимание на мечот меѓу Сантос и Баија, откако доби црвен картон по караница со Родриго Нестор.

Додека Нејмар се расправаше со фудбалерот на Баија, ја покри устата со раката. Судијата ја прегледа ситуацијата со помош на ВАР и му покажа црвен картон на капитенот на Сантос, откако го примени „правилото на Винисиус“.

По одлуката на судијата, Нејмар реагираше бурно и при напуштањето на теренот се обиде повторно да дојде до Нестор, поради што соиграчите мораа да интервенираат.