Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ повторно привлече внимание надвор од кошаркарскиот терен. Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс пристигна на тренинг со еден од најретките и најскапите автомобили во светот, „Бугати В16 Мистрал“, чија вредност се проценува на околу пет милиони долари.
Станува збор за вистински автомобилски бисер, од кој се произведени само 99 примероци. Реткиот модел е дел од колекцијата на Дончиќ, кој е познат како љубител по луксузни и спортски автомобили.
Автомобилот е еден од најексклузивните модели на францускиот производител, а неговата цена го прави привилегија достапна за мал број луѓе.



