Кошарка

Дончиќ погоди од центар, Лејкерс лесно го победи Голден стејт (ВИДЕО)

Дончиќ погоди од центар, Лејкерс лесно го победи Голден стејт (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс извојува лесна победа над Голден стејт славејќи со 127-105, во центарот на вниманието беше Лука Дончиќ.

Голден стејт беше рамноправен само во првата четвртина, а потоа кошаркарите на Лејкерс почнаа да го „дробат“ противникот.

Првите 12 минути му припаднаа на Лејкерс со 34-33, но на полувремето заминаа со висока предност од 66-52. Езерџиите на почетокот од последниот период водеа и со 35 поени разлика, беше 105-70, а откако стана јасно дека не може да има пресврт, ја тргнаа ногата од педалата за гас и му дозволија на Голден стејт да се избори за попристоен пораз.

Дончиќ беше најефикасен со 28 поени, имаше и осум скока и седум асистенци, Кеслер постигна 26. Во составот на Голден стејт, Кари реализираше 23 поени.

Погледнете го и овој кош на Дончиќ од центар:

Резултати:

Орландо – Атланта 125-132
Вашингтон – Милвоки 128-116
Бруклин – Шарлот 103-110
Мајами – Минесота 106-131
Торонто – Чикаго 135-92
Мемфис – Јута 123-103
Њу Орлеанс – Индијана 120-123
Хјутсон – Далас 128-110
ЛА Лејкерс – Голден стејт 127-105
Портланд – Феникс 124-83
ЛА Клиперс – Сакраменто 121-96