Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ беше најзаслужен за победата на Лос Анџелес Лејкерс од 132-123 над Јута Џез, откако неговиот тим се врати од негатива од 18 поени.
Јута имаше одличен почеток и по првата четвртина водеше со 47-29, но Лејкерс постепено ја топеа негативата. Дончиќ блесна пред паузата, кога со тројка во последните секунди од вториот период му донесе на својот тим предност од 74-71.
Неизвесноста продолжи и во второто полувреме, а во клучните моменти повторно во преден план беше Дончиќ кој го заврши натпреварот со дури 52 поени, 10 асистенции и осум скокови.
На спротивната страна најдобар беше Лаури Марканен со 28 поени, додека Кеонте Џорџ додаде 24 поени и 10 асистенции за Јута.