Фудбал

Доминација: Шпанија стана светски шампион и на првиот Мундијал за фудбалери до 15 години (ВИДЕО)

Доминација: Шпанија стана светски шампион и на првиот Мундијал за фудбалери до 15 години (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Шпанија го освои првото издание на Светското првенство и фестивал за фудбалери до 15 години во организација на ФИФА, откако во финалето во Баку славеше против Чешка со убедливи 3-0.

Завршниот натпревар се одигра во петокот во салата „Баку Кристал Хол“, а од трибините го следеше и претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, кој присуствуваше и на доделувањето на медалите, објави азербејџанската новинска агенција АПА.

Правдата на финалниот дуел ја делеше домашниот ФИФА-судија Алијар Агајев. Со триумфот, Шпанците станаа првиот шампион во најсилната дивизија на новото натпреварување, додека победниците во останатите пет дивизии беа познати и претходно.

На турнирот, кој се одржуваше во главниот град на Азербејџан од 24 до 30 октомври, учествуваа репрезентации на дури 189 национални фудбалски асоцијации.

Натпреварувањето се играше според посебен формат, со осум фудбалери во секоја екипа и дваесетминутни полувремиња.

Ќе потсетиме, Шпанците летово станаа и светски шампион на Мундијалот кој ќе се одржуваше во САД, Канада и Мексико.