Двајца маскирани разбојници се обиделе насилно да влезат во домот на шпанската „ѕвезда“
Ламин Јамал играше полуфинале на Мундијалот, стигна до финалето, а неколку часа по натпреварот Шпанија – Франција во Барселона се одвивала вистинска драма околу домот на самиот фудбалер.
Според извештаите од шпанските медиуми, безбедносните камери снимиле две маскирани лица како се обидуваат да влезат во домот на шпанскиот фудбалер во луксузна станбена зона во Барселона околу 4 часот наутро.
Приватното обезбедување ги забележало лицата, и веднаш алармирале, а полицијата дошла веднаш по пријавата. Крадците во меѓувреме успеале да избегаат.
Полицијата веднаш почна истрага. Интересно е што во истата луксузна населба во Есплугес де Љобрегат, полицијата регистрирала барем уште еден сличен обид за кражба во блиските домови истата ноќ, но сè уште не е потврдено дали биле вклучени истите сторители.