Реклама
Arena Sport
Фудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ изрече казни: Охрид ќе биде без тренер цел месец!

Дисциплинската комисија на ФФМ изрече казни: Охрид ќе биде без тренер цел месец!

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлуки по разгледувањето на случувањата на натпреварите од македонските фудбалски лиги, при што беа изречени повеќе суспензии.

ФФМ поведе неколку дисциплински постаки против повеќе лица и клубови.

Реклама
Arena Sport

„Против ФК Башкими поради слаба организација на натпреварот од 9. коло во Прва МФЛ, меѓу ФК Башкими и ФК Струга Трим Лум.

Против Муарем Муарем поради неовластено присуство во техничката зона за време на истиот натпревар.

Против Дурим Хида поради попречување на официјални претставници на гостинската екипа при влез во службените простории на истиот натпревар“, соопшти ФФМ.

Беа изречени и повеќе дисциплински казни за фудбалери, но и тренерот на Охрид, Ромео Кочоски, кој доби забрана за вршење функција во траење од еден месец.

„Ендрит Рустеми (ФК Шкупи 1927 АД) – забрана за настап на 1 натпревар.
Стефан Бабунски (ФК Детонит) – забрана за настап на 1 натпревар.
Трајче Ников (ФК Кожуф) – забрана за настап на 1 натпревар.
Христијан Торнески (ФК Новаци) – забрана за настап на 1 натпревар.
Ромео Кочоски (тренер на ФК Охрид) – забрана за вршење функција во траење од 1 месец.
Валентин Кочоски (ФК Охрид) – забрана за настап на 2 натпревари“, велат од Куќата на фудбалот.

Реклама
Arena Sport