Реклама
Arena Sport
Фудбал

Динамо го победи Андерлехт со гол во 96. минута, Јувентус со пресврт до три бода против Селта (ВИДЕО)

Динамо го победи Андерлехт со гол во 96. минута, Јувентус со пресврт до три бода против Селта (ВИДЕО)

Хрватскиот шампион Динамо Загреб успеа да слави против Андерлехт по голема драма со 1-0, додека италијанскиот гигант Јувентус ја совлада Селта со 2-1 во второто коло од Лига Европа.

Голема борба се водеше на „Максимир“ во Загреб, но и покрај шансите на двете страни, мрежите на екипите мируваа сè до судиското надополнување во второто полувреме.

Реклама
Arena Sport

Динамо доби шанса каква што не се пропушта, а Дион Бељо од пенал го матира голманот на Андерлехт за победа од 1-0.

Јувентус тргна лошо на гостувањето кај Селта, па прими гол по 17 минути преку Алварез. Гостите имаа неколку шанси за израмнување, но не ги искористија, по што со негатива заминаа на паузата.

„Старата дама“ конечно ја проби одбраната на Селта во 58. минута кога погоди преку Волтемаде за 1-1, додека во самата завршница Коло Муани стрелаше за целосен пресврт (2-1).

Останати резултати:

Бенфика – Селтик 4-1
Борнмут – Штурм Грац 3-0
Ференцварош – Викторија Плзен 3-1
Хофенхајм – Бешикташ 2-3
Марсеј – Олимпијакос 0-1
НЕЦ – Левски 1-1
Рен – Офи Крит 2-1

Реклама
Arena Sport