Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, одигра фантастичен меч, го предводеше Арис до триумф над Сан Пабло Бургос со 93-80 во натпревар од Еврокупот.
Арис го доби натпреварот уште во првото полувреме, грчкиот тим одигра одлични две четвртини и на одморот замина со предност од 53-30.
До крајот на натпреварот Сан Пабло Бургос успеа само да ја намали негативата до конечни 93-80 за Арис.
Ненад Димитријевиќ беше најефикасен во составот на Арис, Македонецот постигна 21 поен, имаше шест асистенции и два скока. Овој учинок го направи за само 22 минути игра.



