Сезоната во Германија заврши на болен начин за Ненад Димитријевиќ и Баерн Минхен, кои останаа без шампионската титула по поразот во решавачкиот натпревар против Алба Берлин со 81-84.
Минхенскиот состав влезе во мајсторката како фаворит, особено поради предноста на домашниот терен, но не успеа да ја оправда таа улога кога беше најпотребно. Гостите од Берлин покажаа поголема смиреност во финишот и го искористија падот во играта на Баерн за да стигнат до голем триумф.
Домашниот тим долго време ја контролираше средбата и во еден момент имаше убедлива предност од 20 поени, но дозволи противникот постепено да се врати во игра. Алба ја презеде иницијативата во второто полувреме и со одлична завршница направи целосен пресврт.
Баерн имаше шанса да ја спаси сезоната во последните напади, меѓутоа не успеа да ги реализира клучните поседи и мораше да се помири со поразот пред своите навивачи.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ натпреварот го заврши со шест постигнати поени.