Кошарка

Димитријевиќ блесна во Грција: Нено постигна 14 поени за убедлива победа на Арис

Димитријевиќ блесна во Грција: Нено постигна 14 поени за убедлива победа на Арис

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше фантастичен настап за Арис, кој го победи Маруси со 74-57 во третото коло од грчкото првенство.

Домашниот тим имаше предност по првата четвртина, која заврши со резултат 15-13. Арис продолжи да го наметнува своето темпо во втората четвртина и постепено ја зголемуваше разликата, па на полувремето замина со водство од 37-28.

Во вториот дел избраниците на Арис ја задржаа контролата врз натпреварот и не му дозволија на противникот да се врати во игра. На крајот, домаќините заслужено славеа со убедливи 74-57.

Димитријевиќ на паркетот мина 17 минути, во кои постигна 14 поени, забележа три скока и подели четири асистенции.