Валенсија и Атлетик Билбао одиграа без голови (0-0) во натпреварот од деветтото коло во шпанската Ла Лига, а македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски повторно ја зачува својата мрежа недопрена.
Во првото полувреме се водеше израмнета битка, со по седум создадени шанси на двете страни, додека Валенсија беше поактивна во продолжението и се обидуваше да го пронајде патот до мрежата на гостите.
Со освоениот бод, Валенсија стигна до шест бода по девет одиграни кола и се наоѓа на 19. место на табелата.
Македонскиот голман оваа сезона на осум настапи во Ла Лига прими 15 голови и има две „чисти мрежи“.