Во новото интервју кое го даде за шпанските медиуми, македонскиот голман откри и кој му е омилен колега од оние кои бранеа на Мундијалот.
Изненадувачки, неговиот одговор беше јапонскиот голман, Зион Сузуки кој има 23 години.
„Сузуки од Јапонија е многу добар голман, млад е, брзо се адаптираше и покажа одлично ниво и во Парма и на Светското првенство. Понекогаш, пак, ќе прими гол, но направил сè како што треба, а напаѓачот едноставно бил подобар. Сето тоа го анализираме. Ако треба да издвојам еден голман, би го избрал него бидејќи покажа одлично ниво и верувам дека може да брани во клуб од Лигата на шампионите“, вели Димитриевски.
Македонскиот голман вели дека во финалето ќе навива за Шпанија.
„Без никакво сомневање ја гледам Шпанија како шампион. Од почетокот на Светското првенство сум навивач на Шпанија и на балканските репрезентации. Ја сакам Хрватска, имам многу пријатели таму, но веќе 15 години сум во Шпанија и се чувствувам како дома. Ми се допаѓа начинот на кој Шпанија изгради група и атмосфера во соблекувалната. Во тешките моменти токму тоа ги зближува играчите и им помага да одат напред. Toкму затоа верувам дека можат да станат шампиони. Тоа ќе биде добро за Федерацијата, за играчите и за целата земја. Шпанија заслужува да го освои трофејот поради групата што ја создаде и поради фудбалерите од светска класа кои ги има“, вели Димитриевски.