Фудбал

Дејвид Бекам ќе се кандидира за претседател на ФИФА!?

Дејвид Бекам ќе се кандидира за претседател на ФИФА!?

Поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам би можел да влезе во трката за претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА) и да се појави како противкандидат на актуелниот претседател Џани Инфантино, објави „Скај Спорт“.

Медиумот пишува дека дел од влијателните фудбалски структури, меѓу кои УЕФА, Германскиот фудбалски сојуз и КОНКАКАФ, размислуваат за можноста да поддржат кандидат кој би можел да му се спротивстави на Инфантино на претстојните избори.

Бекам се споменува како потенцијална опција поради неговата светска популарност, влијанието во фудбалот и искуството во управувањето со клуб. Тој е косопственик на Интер Мајами, а во текот на кариерата настапуваше за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Милан и Пари Сен Жермен.

Изборите за претседател на ФИФА се очекува да се одржат во 2027 година, а рокот за поднесување кандидатури истекува на 18 ноември 2026 година.