Фудбал

Дерби крај Охридското езеро, Струга го пречекува Силекс, Вардар брка победа против Арсими!

Дерби крај Охридското езеро, Струга го пречекува Силекс, Вардар брка победа против Арсими!

Денеска се играат последните два натпревари од 6. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), крај Охридското езеро ќе се игра дерби, Струга против Силекс, а Вардар во тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе го пречека тимот на Арсими.

Силекс врза два порази по ред, на кратовскиот тим нема да му биде лесно да излезе од негативната серија, денеска со почеток од 16 часот гостува кај одличната Струга.

Стружани по поразот од Шкендија се вратија со убедлив триумф против Брегалница. Тие ќе бидат фаворити на денешниот дуел, но тимот на Васоски има квалитет и со целиот плен да си замине од денешниот натпревар.

Интересно ќе биде и во Скопје, Вардар по ремито со Тиквеш ќе брка победа против Арсими кој на последните три меча освои седум бода.

Во тренинг центарот „Петар Милошевски“ каде што ќе се игра мечот, се очекува жешка атмосфера. Навивачката група „Комити“ најави масовност за да се покаже револт кон актуелното раководство, а од идниот меч ќе почнат бојкот и нема да присуствуваат на натпреварите.

Мечот меѓу Вардар и Арсими ќе се игра под рефлектори. Почетокот е закажан за 19 часот.

Двата меча ќе може да ги следите на програмите на Арена Спорт Македонија.