Фудбал

Депортиво се разбуди во второто полувреме и ја расплака Осасуна (ВИДЕО)

Депортиво се разбуди во второто полувреме и ја расплака Осасуна (ВИДЕО)

Депортиво А Коруња на домашен терен ја совлада Осасуна со 2-1 во натпревар од 11. коло. Домашниот тим успеа да направи целосен пресврт во второто полувреме и да ги освои трите бода.

Гостите први го отворија резултатот, откако Анте Будимир во 32. минута ја затресе мрежата на Депортиво и ѝ донесе предност на Осасуна.

По паузата, домаќините тргнаа по израмнување и ја вратија неизвесноста во 64. минута, кога Сориано се најде на вистинското место и погоди за 1-1.

Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, Бил Нсонго во завршницата го постигна решавачкиот погодок за целосен пресврт и голема радост на домашните навивачи.

Со овој триумф, Депортиво А Коруња се искачи на осмото место со 14 бодови, додека Осасуна останува на 15. позиција со 11 освоени поени.