Фудбал

Денеска се затвора 10. коло во ПМФЛ, Тиквеш му гостува на Арсими

Денеска се затвора 10. коло во ПМФЛ, Тиквеш му гостува на Арсими

Арсими го пречекува Тиквеш во единствениот денешен натпревар од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), мечот почнува од 14 часот.

Тиквеш нема пораз на последните шест натпревари во лигата, кавадаречкиот тим игра одлично во досегашниот дел од сезоната и се наоѓа на високото четврто место на табелата.

Момците од Кавадарци во Гостивар патуваат да ги освојат трите бода, но таква амбиција има и Арсими.

Арсими игра променливо, на последните пет натпревари нема триумф, има два порази и три нерешени срадби. Имаат повеќе бодови освоено единствено од Башкими и Скопје. Јасно е дека ќе водат борба за опстанок и секој бод до крајот на сезоната ќе им биде важен.

Натпреварот ќе можете да го следите низ пренос на Арена М1 Премиум од 14 часот, половина час претходно е нашата емисија посветена на македонскиот фудбал, „За гол повеќе“.