Се зголемува програмата на Светското фудбалско првенство, следуваат денови со повеќе мечеви, а се збогатува и програмата на Арена Спорт Македонија, од овој викенд почнуваме и со Формула 1.
Мундијалската програма ќе ја почнеме со мечот меѓу Катар и Швајцарија кој почнува од 21 часот. На полноќ ќе истрчаат Бразилците против Мароко, а потоа има уште два натпревари, Хаити – Шкотска и рано наутре е мечот меѓу Австралија и Турција.
Денеска на програмата се и квалификациите за за Големата награда на Каталонија, а настап имаат и машката и женската одбојкарска репрезентација на Македонија. Ќе го следиме и фајнл-фор турнирот од ракометната Лига на шампиони.
Програма во живо на Арена М премиум:
Арена M1 премиум:
17:00 Олимпијакос – Панатинаикос (кошарка)
20:00 Емисија СП (фудбал)
21:00 Катар – Швајцарија (фудбал)
00:00 Бразил – Мароко (фудбал)
03:00 Хаити – Шкотска (фудбал)
06:00 Австралија – Турција (фудбал)
Арена M2 премиум:
15:00 Магдебург – Фуксе Берлин (ракомет)
16:00 Бразил – Србија (одбојка)
19:00 Македонија – Исланд (одбојка мажи)
Арена M3 премиум:
16:00 ГН Каталонија – квалификации (Формула 1)
18:30 Македонија – Азербејџан (одбојка жени)