Реклама
Arena Sport
Фудбал

Демолирана славната Маракана во Рио де Жанеиро по бразилско-аргентинската пресметка

Демолирана славната Маракана во Рио де Жанеиро по бразилско-аргентинската пресметка

Навивачите на Васко де Гама незадоволни од елиминацијата на нивниот тим од Копа Судамерикана, демолирале дел од инвертарот на трибините на славниот стадион.

Компанијата која оперира со славниот стадион „Маракана“ во Рио де Жанеиро, ја информираше јавноста дека по натпреварот меѓу Васко де Гама и Бока Јуниорс, одигран синоќа (20 октомври) во полуфиналето на КОНМЕБОЛ Судамерикана 2026, била утврдена значителна материјална штета на стадионот, и тоа во делот каде што се наоѓале фановите на аргентинскиот тим.

Реклама
Arena Sport

Фотографиите што се шират во медиумите и на социјалните мрежи ја прикажуваат штетата предизвикана на стадионот.

Според информациите, искршени се стотици столчиња, но и демолирани се тоалетите на стадионот, како и заштитни огради.

„Проценката на штетата ќе продолжи во текот на денешниот ден, но првичните наоди веќе потврдиле дека, покрај вандализираните стотици седишта, досега биле оштетени и чешми за пиење вода, тоалети, славини, држачи за сапун, заштитни огради на пристапните патеки и други делови од стадионот.

Конечниот број на оштетени предмети, како и вкупната финансиска штета, ќе бидат објавени откако управата ќе ја заврши инспекцијата“, велат од компанијата.

Главната цел е стадионот да биде целосно подготвен за утрешниот натпревар (22 октомври) меѓу Фламенго и Естудијантес, во полуфиналето на КОНМЕБОЛ Либертадорес 2026.

Реклама
Arena Sport