Фудбал

„Да ги кренеме главите и да одиграме машки во Швајцарија“

„Да ги кренеме главите и да одиграме машки во Швајцарија“

Фудбалската репрезентација на Македонија е во голема криза, веќе седум натпревари нема постигнато ниту гол, а тешко создаваме и шанси за погодок.

Христијан Малески е еден од оние кои се задолжени за погодоци, тој се уште го чека првиот погодок за Македонија.

„Среќен сум што добивам шанса, секогаш гледам да дадам максимум за нашата репрезентација. Ова беше тврд и тежок натпревар. Треба да ги кренеме главите и да одиме да изиграме машки во Швајцарија, конечно да постигнеме гол и да почнеме да победуваме. Шкотска е цврста екипа, нивниот гол на стартот нè пресече. Верувам дека ќе одиграме добар натпревар на гости кај Швајцарија и се надевам дека ќе победиме. Прилично е тешко да си напаѓач на Македонија во моментов, зашто немаме постигнато гол, но се надевам дека наскоро ќе дојдат и погодоците“, кажа Малески.

Синоќа за репрезентацијата дебитираше Ѓорѓе Џеков.

„Чест и задоволство ми е што сум дебитант во нашата најдобра репрезентација, но не се надевав на деби со пораз. Имаме резултатска криза, но се надевам дека ќе се издигнеме од овој тежок период. Притисокот е врз дефанзивците, но се надевам дека во следните натпревари ќе бидеме подобри, да ја зачуваме нашата мрежа и да почнеме да победуваме“, изјави Џеков.