Атлетика

Дарио Ивановски на седмото место на трката 10.000 метри на Медитеранските игри

Дарио Ивановски на седмото место на трката 10.000 метри на Медитеранските игри

Ивановски ја истрча трката за време од 29:58.82 во Таранто.

Најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски, настапи на трката на 10.000 метри на Медитеранските игри во Таранто, Италија, и го освои седмото место од десет натпреварувачи, односно девет кои ја завршија трката.

Ивановски ја истрча трката за 29:58.82, што беше доволно само за седмата позиција, додека првопласираниот Саид Амери од Алжир имаше личен рекорд од 28 минути и 31 секунда. Втор беше Мустафа Акуи од Мароко, додека на третата позиција неговиот сонародник Хичам Оулада.