Фудбал

Грк е замената за Тросар во Арсенал

Грк е замената за Тросар во Арсенал

Англискиот првак ќе плати 40 милиони евра за услугите на грчкиот репрезентативец од Бриж.

Арсенал постигна договор со белгискиот тим Бриж за ангажман на грчкиот фудбалер Христос Цолис. Според англиските медиуми, англискиот првак ќе плати 40 милиони евра за 24-годишното лево крило. Тој би дошол на „Емирати“ како замена за Леандро Тросар, кој потпиша за турскиот Бешикташ.

Минатата сезона, Цолис учествуваше во 52 натпревари во сите натпреварувања, во кои се истакна со неверојатна статистика – 22 гола и 29 асистенции. Тој има и 34 натпревари и девет гола за грчката репрезентација.

Договорот на Цолис со Арсенал е до 2031 година, со кој заработува 3 милиони евра по сезона. Неговиот потпис нема никаква поврзаност со потенцијалниот трансфер на ѕвездата на Астон Вила, Морган Роџерс, кој останува цел број еден на Арсенал за летниот преоден рок.

Гркот има искуство во Премиер лигата, бидејќи Норич го потпиша од ПАОК во 2021 година. Сепак, тој не успеа да се етаблира во Англија и беше испратен на позајмица во Твенте и Фортуна Дизелдорф.