Фудбал

Готово: Падна договор во Минхен за еден од најважните потписи!

Готово: Падна договор во Минхен за еден од најважните потписи!

Англискиот голгетер ќе остане во Минхен најмалку до јуни 2029 година, откако двете страни постигнале договор за продолжување на соработката, објави Фабрицио Романо.

Според информациите, Кејн ги договорил сите детали и ќе стави потпис на соработка на уште три години. Најавите се дека официјалната потврда од Минхен може да се очекува во наредните неколку дена.

Во Баерн го сметаат англискиот репрезентативец за еден од најважните играчи во тимот, како за сегашноста така и за иднината на клубот. Неговата улога во нападот е од огромно значење за амбициите на германскиот гигант, кој сака да продолжи да се бори за најголемите трофеи.

Со ова Баерн сигурно прави важен чекор во планирањето на иднината, задржувајќи го еден од своите најзначајни фудбалери и клучен дел од напаѓачката линија.

Ќе потсетиме, Кејн во овој момент важи за потесниот круг фаворити за освојувањето на „Златната топка“ што е само уште еден доказ за неговиот квалитет.