Арена Македонија ќе врши директен пренос и на реванш натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите меѓу КуПС и Вардар.
Македонскиот шампион не успеа да создаде предност на мечот во Скопје, напротив, загуби дома со 0-2, па ќе има тешка мисија во Финска да ја надополни негативата.
По мечот во Скопје, вардаровиот тренер Кристијан Фабијани рече дека ништо не е готово и дека црвено-црните ќе одат на победа на гостински терен.
Како Вардар ќе одигра во реваншот и дали има сила да направи чудо, ќе може утре (вторник) да следите низ директен пренос на Арена М1 Премиум со почеток од 17 часот.