Фудбал

Голман даде фантастичен гол од слободен удар! (ВИДЕО)

Голман даде фантастичен гол од слободен удар! (ВИДЕО)

Во руската втора лига, на мечот меѓу Челијабинск и Урал, голманот на гостинскиот тим е во центарот на вниманието откако даде супер погодок со шут од слободен удар.

Резултатот беше 1-1. Судијата досуди слободен удар за Урал, а голманот Селиков го изведе и постигна прекрасен гол. Нешто што многу ретко се гледа.

Потсети на легендарниот парагвајски голман, Чилаверт, кој беше познат по тоа што изведуваше слободни удари.

На крајот мечот го доби Урал со 3-1.