Фудбал

Голем удар за Интер: Лаутаро ќе паузира еден месец, не игра на градското дерби

Голем удар за Интер: Лаутаро ќе паузира еден месец, не игра на градското дерби

Аргентинскиот напаѓач има повреда на мускулите на задната ложа на левата натколеница, а неговото отсуство доаѓа во незгоден момент за тимот од Милано.

Интер се соочува со нов проблем по поразот од Бриж во Лигата на шампионите. Капитенот Лаутаро Мартинез заработи мускулна повреда и извесен период ќе биде надвор од терените.

Аргентинскиот напаѓач беше на лекарски прегледи во клиниката „Хуманитас“ во Роцано, по што италијанскиот клуб соопшти дека станува збор за мускулна повреда на флексорите на левата натколеница.

Интер засега не објави колку долго ќе отсуствува неговиот капитен, но италијанските медиуми најавуваат дека би можел да пропушти неколку натпревари.

Мартинез се повреди во незгоден момент, откако беше еден од најзаслужните за головите на Интер во поразот од Бриж со 3:4 во Лигата на шампионите. Аргентинецот постигна два гола, но неговиот тим сепак остана без бодови.

Отсуството на капитенот е сериозен удар за тренерот Кристијан Киву, особено поради густиот распоред и важните натпревари што следуваат.

Според најавите од Италија, под знак прашалник е неговото учество во миланското дерби против Милан, закажано за 31 октомври. Во меѓувреме, Интер го очекуваат и предизвици во Серија А и Лигата на шампионите.

Колку долго ќе трае паузата на аргентинскиот голгетер ќе зависи од неговото закрепнување и од реакцијата на повредениот мускул на терапиите.