Баерн Минхен се соочува со сериозни кадровски проблеми во пресрет на продолжението од сезоната, откако по здравствените проблеми на тренерот Венсан Компани, баварскиот гигант остана и без важен фудбалер. Напаѓачот Исмаел Саибари заработи тешка повреда поради која го очекува повеќемесечна пауза.
Според информациите на германски „Билд“, Саибари ги повредил лигаментите на десниот скочен зглоб, по што веќе бил подложен на оперативен зафат. Првичните прогнози не се нималку охрабрувачки, бидејќи се очекува неговото отсуство да трае околу пет месеци. Тоа би значело дека на терените би можел да се врати дури во април.
Проблемите за Баерн не завршуваат тука. По дербито со Борусија Дортмунд, одреден период надвор од комбинација ќе биде и Серж Гнабри, кој го очекува пауза од неколку недели. Под знак прашалник е и настапот на Мајкл Олисе, за кого допрва се очекуваат подетални информации околу повредата.
Францускиот офанзивец е неизвесен за претстојното гостување кај Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, иако првичните процени за неговата состојба се нешто пооптимистички. Дополнителна главоболка за стручниот штаб е и отсуството на првиот голман Мануел Нојер, кој сè уште не е подготвен да се врати меѓу стативите.
Така, Баерн ќе биде значително ослабен за исклучително важниот натпревар против Атлетико Мадрид, кој се игра во среда, а потоа го очекува и дуелот со Мајнц во сабота.