Тажна вест го потресе српскиот фудбал откако е пронајден мртов поранешниот фудбалер Ајаздин Нухи, кој во минатото беше дел од Партизан и ОФК Београд.
Нухи, кој настапувал во младинските категории на Партизан, а потоа бил дел и од ОФК Београд, бил пронајден во безживотна состојба.
Веста предизвика голема тага меѓу луѓето од фудбалот, особено во клубовите во кои настапувал Нухи.
Нухи важел за талентиран фудбалер и во младинските денови бил дел од системот на Партизан, а својата кариера ја продолжил во ОФК Београд. Играл и во полскиот гигант Легија Варшава, бил дел и од Могрен од Црна Гора, а карирата ја завршил во Колубара во 2013 година.
Има две титули во кариерата, една со Партизан и една со Могрен во црногорскиот шампионат.