Реклама
Arena Sport
Фудбал

Голема радост за Еспањол: Кабрера го потопи Виљареал (ВИДЕО)

Голема радост за Еспањол: Кабрера го потопи Виљареал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Еспањол конечно ставија крај на црната серија во Ла Лига, откако вечерва беа подобри од Виљареал со 1-0 во 11. коло од шампионатот.

Виљареал ја контролираше играта во првиот дел и се закани дури седум пати кон голот на Еспањол, меѓутоа не успеа да ја затресе противничката мрежа.

Реклама
Arena Sport

Еспањол погоди во 48. минута преку Фернандез, но голот беше поништен од ВАР-технологијата поради прекршок.

„Жолтата подморница“ тргна по трите бодови во продолжение, но повторно не беше ефикасна во нападот, а тоа го искористи Леандро Кабрера кој го казни домаќинот во 60. минута и донесе победа за Еспањол.

Виљареал по 11 одиграни меча е на 10. позиција со 12 бодови, додека Еспањол е на 12. место со 11 поени.

Реклама
Arena Sport