Екипата на ПСЖ славеше со 4-2 во дербито на вечерта против Барселона и така им го нанесе првиот пораз на избраниците на Ханси Флик во новата сезона.
Избраниците на Луис Енрике беа подобар противник уште од самиот старт веднаш создадоа неколку добри прилики, меѓутоа немаше реализација. Се играше 20-тата минута кога шпанскиот стратег мораше да менува, Добитникот на „Златната топка“, Осман Дембеле се повреди и на негово место влезе поранешниот фудбалер на Барселона Феран Торес. Но, проблеми имаше и на спротивната страна, Дани Олмо исто така поради повреда мораше да биде заменет, па во игра кај Барса влезе Фермин Лопез.
Првиот гол на натпревар падна во 38-та минута, Дезире Дуе одлично шутираше надвор од шеснаесетникот и го матираше Гарсија. Барселона во игра се врати кога по десет минути игра во второто полувреме Еспарт стрелаше за 1-1. Во продолжение ПСЖ одново беше подобриот тим на теренот, меѓутоа и Барса знаеше да се закани.
Мрежата на Барселона одново се тресеше во 72-та минута кога Лукас Хернандез на асистенција на Дуе донесе ново водство за Французите. Пет минути подоцна на сцена стапи Ламин Јамал кога по еден соло продор од десната страна со силен удар го совлада Сафонов.
Сепак, ПСЖ мнгоу брзо и по третпат поведе. Стрелец на голот беше Витиња кој шутираше со волеј. До крајот на средбата во листата на стрелци се запиша и Фабијан Руиз за конечни 4-2.
Возбудливо беше и во Англија каде што Ливерпул со 4-3 славеше над Виљареал. Шпанците одлично тргнаа и по половина час преку Микаутадѕе и Кардона поведоа со 2-0. Сепак, Ливерпул преку Мекалистер и Араухо израмни на 2-2.
Во второто полувреме избраниците на Ираола со уште еден гол на Мекалистер и погодокот на Вирц пвоеде со 4-2. Во финишот на дуелот само Олувасеј ги постави конечните 4-3.
На останатите средби Рома беше убедлива со 4-0 против Слован Братислава, сигурен беше и Сити со 5-1 над АЕК, Наполи на свој терен го совлада Бодо со 4-3, ПСВ во Португалија го победи Порто со 1-0, додека Штутгарт и Атлетико одиграа 1-1.



