Фудбал

Голеада во Минхен: Баерн го декласира Лајпциг, хет-трик за Дијаз! (ВИДЕО)

Голеада во Минхен: Баерн го декласира Лајпциг, хет-трик за Дијаз! (ВИДЕО)

Германскиот шампион Баерн Минхен запиша нова победа во Бундеслигата, откако го прегази Лајпциг со убедливи 6-1 во шестото коло. Главна ѕвезда на натпреварот беше Луис Дијаз, кој со три погодоци го предводеше баварскиот гигант до нов триумф.

Домаќините уште во првото полувреме ја покажаа својата офанзивна моќ и постигнаа три гола. Дијаз го отвори патот кон победата, а потоа Павловиќ и Олисе дополнително ја зголемија предноста на Баерн на убедливи 3-0 пред паузата.

Во продолжението следуваше нова голеада. Дијаз продолжи да ја тероризира одбраната на Лајпциг и со уште два погодоци го комплетираше својот хет-трик. Во листата на стрелците се запиша и Хари Кејн, кој придонесе за високата предност на домаќините.

Лајпциг успеа да постигне почесен гол во самата завршница преку Максимовиќ, но тоа не ја промени сликата од натпреварот.