Кошарка

Голден стејт го прегази Денвер на негов терен (ВИДЕО)

Голден стејт го прегази Денвер на негов терен (ВИДЕО)

Денвер и Никола Јокиќ доживеаа тежок пораз пред своите навивачи, Голден стејт си замина со победа од 20 поени разлика, конечниот резултат беше 114-134.

Домаќините добро го почнаа мечот, ја добија првата четвртина со 32-28 и ништо не наговестуваше дебакл. Но, веќе во следниот период Голден стејт го сврте резултатот и на полувремето замина со предност од 60-56.

До крајот на мечот гостите само го зголемуваа водството до конечни 134-114 за нив.

Никола Јокиќ мечот го заврши со дабл-дабл учинок, имаше 19 поени и 11 асистенции, 19 поени постигна и Мареј, а најефикасен во составот на Денвер беше Де Роузен со 21 поен. Кај Голден стејт, одлична партија имаше Лендеборг кој реализираше 31 поен и 12 скокови, Кари постигна 24 поени.

Резултати:

Шарлот – Вашингтон 110-103
Кливленд – Минесота 127-125
Бостон – Чикаго 134-99
Мајами – Далас 109-113
Милвоки – Индијана 110-102
Оклахома – Феникс 125-114
Хјустон – Атланта 120-110
Јута – Мемфис 105-110
Денвер – Голден стејт 114-134