Капитенот на Вардар, Васил Гогов, се надева дека во четврток црвено-црните ќе дојдат до првиот триумф во Лигата на шампионите.
Вардар во четврток со почеток од 20:45 часот ја пречекува Висла Плоцк во третиот меч од Лигата на шампионите.
„Нè очекува тежок натпревар против тежок противник, со квалитетни играчи. Ние напорно се подготвуваме за противникот и натпреварот, ќе дадеме се од себе. Се надевам ќе играме пред полна сала пред нашите навивачи, за да освоиме први бодови во ЛШ. Двата натпревара завршија со минимални порази. Можам да кажам дека малку ни недостигаше среќа и искуство, но се надевам дека овој натпревар ќе биде во наша полза. На ова ниво со овие квалитетни екипи постојат многу малку слабости. Наше е да имаме повеќе енергија, мотивација пред својата публика. Се надевам дека таа ќе биде наша предност против овој противник. Против Охрид одигравме силна одбрана која мислам дека би била на ниво на задачата, ама мислам дека можеме и подобро од тоа“, вели капитенот Гогов.