Предводени од Серхи Гираси фудбалерите на Борусија Дортмунд во третот около стигнаа до втората победа во Лигата на шампионите откако вечерва беа подобри од Сабах со 2-1.
На натпреварот во Баку, Борусија влезе како голем фаворит и тргна офанзивно од почетокот, па така по десет минути игра со првиот гол на Гираси на средбата го отвори резултатот. Иако иницијативата ја имаа „милионерите“, сепак и домашниот состав знаеше да се закани, а една од таквите прилики искористија за израмнување.
Стрелец на голот беше Мекартни во 39-тата минута. Натпреварот беше решен на стартот од второто полувреме кога Гираси вторпат стрелаше во 53-тата минута.
До крајот Борусија упати вкупно над 20- удари кон противничкиот гол, но резултатот не се промени.
На вториот натпревар Славија Прага приреди изненадување и во Истанбул го освои првиот бод сезонава во европската елита одигрувајќи 2-2 со Фенербахче.
Ништо не најавуваше дека Фенербахче ќе има проблеми кога по десетина минути игра турскиот клуб постигна два гола. Ајдин прво стрелаше во четвртата минута, а потоа во 11-тата Гринвуд зголеми на 2-0. Но, таквиот почеток не го откажа чешкиот тим.
Провод четири минути подоцна намали на 2-1 и тој резултат беше актуелен се до завршницата кога Качор ги постави конечните 2-2 во 90-тата минута.