Фудбал

Гигантите тргнаа во „битка“ за херојот на Шпанија

Гигантите тргнаа во „битка“ за херојот на Шпанија

Стрелецот на победничкиот гол во финалето на Мундијалот, го сврте вниманието кон себе.

ПСЖ веќе некое време пројавува интерес за крилниот напаѓач на Барселона и на шпанската репрезентација Феран Торес. Во него гледа замена за Бредли Баркола, кој е пред заминување од Париз.

Меѓутоа ситуацијата се смени откако Феран го постигна победничкиот гол за Шпанија на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Сега и Ливерпул го „мерка“ шпанскиот репрезентативец, и ќе тргне по неговите услуги.

Ливерпул и натаму е во потрага по замена за Мохамед Салах, кој замина како слободен агент. Ако го реализира трансферот во Ливерпул, тоа би значело дека Торес се враќа во Англија, откако во минатото настапуваше во Манчстер Сити, односно во сезоната 2020/21.

Пред Светското првенство се чинеше дека Барселона ќе го продаде Феран Торес чиј договор истекува идното лето, но сега планира да се сретне со играчот и со неговите менаџери за да договори нова соработка, со поголема плата. Од тоа ќе зависи дали тој ќе биде „отворен“ за други клубови, или ќе бидат решени сите дилеми околу неговата иднина.