Фудбал

Германскиот тренер за шпекулациите за Манчестер Јунајтед: „Немам време да размислувам“

Германскиот тренер за шпекулациите за Манчестер Јунајтед: „Немам време да размислувам“

Тренерот на Брајтон е поврзуван со клупата на „црвените ѓаволи“, но Германецот е целосно фокусиран на проектот со „галебите“ и верува дека има уште многу што да постигне со тимот.

Фабијан Хирцелер ги коментираше шпекулациите што го поврзуваат со можен ангажман во Манчестер Јунајтед, истакнувајќи дека во моментов е целосно посветен на работата во Брајтон.

Младиот германски стратег се најде меѓу имињата што се споменуваат како потенцијални наследници на Мајкл Карик, чија позиција на клупата на англискиот гигант е под сериозен притисок по серијата слаби резултати.

Сепак, Хирцелер не сака да се занимава со шпекулации, особено во период кога неговиот тим бележи одлични резултати во Премиер-лигата.

„Целосно сум фокусиран на мојата работа тука. Немам време да размислувам за овие шпекулации, бидејќи играме на секои три дена“, изјави Хирцелер.

Тој истовремено изрази голема почит кон Карик, нагласувајќи дека има добри односи со тренерот на Манчестер Јунајтед.

„Имам голема почит кон Мајкл Карик и работата што ја заврши во Манчестер Јунајтед минатата сезона. Тој е одличен човек, има прекрасен карактер и секогаш кога се среќаваме имаме добар однос. Затоа го почитувам и нема што повеќе да додадам на таа тема“, порача германскиот тренер.