Реномираниот германски весник „Билд“ објави сведоштво на 24-годишната Фатима Заунбрехер која тврди дека има дете со Мајкл Олисе, но ѕвездата на Баерн Минхен наводно не сака да има контакт со ќерката, ниту да плаќа алиментација.
Олисе досега беше во центарот на вниманието поради неговите фантастични игри за Баерн Минхен и француската репрезентација, но овојпат фудбалерот се најде во фокусот поради нешто надвор од фудбалот.
Според изјавата на Фатима, двајцата се запознале пред четири години (кога Мајкл Олисе играше во Кристал Палас) и биле во врска отколку две години, а по раскинувањето дознала дека е бремена. Наводно, направен е тест за татковство во Минхен, по кој Мајкл Олисе признал дека детето е негово.
Сепак, Фатима обвинува дека фудбалерот не сака да има контакт со 20 месечната ќерка и не плаќа алиментација, комуникацијата се одвива исклучиво преку адвокати.
Но, од таборот на Олисе имаат поинаква верзија на ситуацијата. Според нив, фудбалерот никогаш не одбил да плаќа алиментација, уште од почетокот понудил финансиска помош и останува подготвен спорот да се реши со договор. Дополнително, тврдат дека мајката безуспешно барала алиментација од 60.000 евра месечно пред француските судови, а Олисе дури понудил и сума повисока од максимално предвидената според германските закони.