Фудбал

Гвардиола прв „пик“ за селектор на Италија

Гвардиола прв „пик“ за селектор на Италија

Само неколку недели откако ја напушти позицијата тренер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола би можел да седне на селекторско место.

Пеп Гвардиола би можел да биде новиот селектор на Италија. Според информациите, новиот технички директор на италијанската федерација, легендарниот Паоло Малдини и неговиот советник Леонардо го направија првиот чекор кон ангажман на Шпанецот на селекторската позиција.

Според информациите, Малдини и Леонардо веќе биле во Барселона на средба со Гвардиола со намера да му го понудат селекторското место на Италија. Се уште е нејасно дали екс менаџерот на Сити е подготвен да го презеде кормилото на селекцијата која го пропушти третото Светско пренство по ред.

Покрај Гвардиола, се шпекулира и за враќање на Роберто Манчини на клупата, а втор фаворит е некогашниот италијански репрезентативец Андреа Пирло кој сега работи како тренер.