Фудбал

Гаштаров си постигна автогол, Црвена Звезда направи пресврт, но на крајот освои само бод (ВИДЕО)

Гаштаров си постигна автогол, Црвена Звезда направи пресврт, но на крајот освои само бод (ВИДЕО)

Македонецот во 29. минута несмасно реагираше и ја затресе сопствената мрежа, но на полувремето нема последици по резултатот за Црвена Звезда.

Македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров, си постигна автогол во натпреварот од групната фаза во Лигата на Конференции со Копенхаген.

Во 29. минута, Гаштаров несмасно реагираше и ја затресе сопствената мрежа. Меѓутоа за среќа Црвена Звезда се разбуди, и веднаш направи пресврт.

Најпрво Елшник израмни, а потоа Василије Костов донесе и предност за „црвено-белите“ во 41. минута од средбата.

Сепак, во вториот дел Копенхаген успеа да израмни за конечни 2:2 од Белград.