Фудбал

Гаштаров се „врза“ за Црвена Звезда до 2031 година!

Гаштаров се „врза“ за Црвена Звезда до 2031 година!

Македонскиот репрезентативец доби нов договор по одличните настапи во последно време за белградските „црвено-бели“.

Матеј Гаштаров го продолжи договорот со Црвена Звезда до 2031 година, соопшти клубот од Белград. Сегашниот договор на Гаштаров истекуваше во 2029 година, меѓутоа по одличните настапи во последно време за српскиот првак, доби нова соработка.

Гаштаров младинските категории ги мина во Металург и во Вардар, а во 2024 година се пресели во Црвена Звезда. Најпрво настапуваше за младинците, а потоа откако дојде Алберт Риера на кормилото на Звезда, доби шанса и во првиот тим, и ја оправда довербата.

Во меѓувреме стана и стандарден член на А репрезентацијата на Македонија.