Македонскиот фудбалер, Матеј Гаштаров беше еден од најдобрите на теренот во победата на Црвена звезда над Партизан од 2-1.
Гаштаров беше стартер на мечот и го одигра целиот натпревар. Македонскиот фудбалер ужива голема доверба кај тренерот Алберт Риера, а тој возвраќа на фантастичен начин.
„Кога ќе се победи на дерби, нема ништо поубаво од тоа. Игравме храбро и мотивирано. Навистина сум среќен. Ова ми е прво сениорско дерби, имам одиграно многу во младинските категории, но ова не може да се спореди со нив. Им благодарам на навивачите што дојдоа во голем број и нè бодреа. Го дадовме максимумот и на крајот заслужено победивме. На секој тренинг мора да се дава 100 проценти и само така може да се заслужи место во тимот“, изјави Гаштаров по натпревар за „Арена Спорт“.
Врз Гаштаров беше направен пеналот од кој Црвена звезда го постигна победничкиот гол. Младиот фудбалер треба да добие повик од Гоце Седлоски за престојните натпревари на Македонија во Лигата на нации.