Левиот бек на турскиот тим не се најде на списокот пријавени играчи за настап во најелитното европско клупско натпреварување. Риера, пак, го пријави Гаштаров за настап во Лигата на Конференции.
Казимчан Караташ, левиот бек на Галатасарај кој наскоро треба да заигра за селекцијата на Македонија, нема да игра во Лигата на шампионите барем до јануари. Турскиот гигант не го пријави Караташ за настап во елитното друштво.
Тоа значи дека Македонија и дефитивно ќе биде без претставник во Лигата на шампионите во групната фаза. Караташ беше единстената надеж, но сега е јасно дека тој нема да биде дел од „елитата“.
Затоа во Лигата на Конференции ќе настапува Матеј Гаштаров. Играчот на Црвена Звезда влезе во списокот на пријавени играчи за настап во Европа, откако претходниот тренер Дејан Станковиќ го немаше пријавено во квалификациите за Лигата на шампионите и за Лигата на Европа.
Но, по доаѓањето на Алберт Риера, Гаштаров добива се поголема минутажа, а сега ќе има можност да се докаже и на меѓународна сцена.
Пред неколку дена селекторот Гоце Седлоски најави дека ќе биде повикан Гаштаров во националниот тим за настап во првите четири меча во Лигата на Нации.