Фудбал

„Газета“ објави како ќе изгледа новиот „Сан Сиро“ (ФОТО)

„Газета“ објави како ќе изгледа новиот „Сан Сиро“ (ФОТО)

Легендарниот „Сан Сиро“ треба да замине во историја, а Интер и Милан да делат нов, модерен стадион кој ќе донесе поинакво искуство за фановите.

Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ излезе со слика и детали за тоа како ќе изгледа новиот стадион во Милано.

Капацитетот би бил 71.500 гледачи, ќе има овална конструкицја и трибини на две нивоа.

Особено внимание привлекува нивниот наклон од 37 степени, инспириран од познатиот „Жолт ѕид“ на стадионот на Борусија Дортмунд, со цел навивачите да бидат што поблиску до теренот и да создаваат уште поголем притисок врз противниците.

Стадионот ќе биде осветлуван во боите на клубот кој во тој момент ќе го користи. Што значи дека визуелно ќе изгледа различно во зависност од тоа дали на него игра Милан или Интер.

Новиот стадион се очекува да биде готов до 2031 година, да биде подготвен за Европското првенство во 2032 година.