Реклама
Arena Sport
Фудбал

Во луд натпревар со ревија на убави голови Реал Сосиедад славеше над Малага (ВИДЕО)

Во луд натпревар со ревија на убави голови Реал Сосиедад славеше над Малага (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Сосиедад славеа на гостувањето кај Малага со убедливи 5-2 во еден од најдобрите натпревари од почетокот на сезоната.

На „Ла Росаледа“ видовме вистинска фудбалска голеада, со неколку прекрасни погодоци и одлична претстава во која уживаа гледачите. Реал Сосиедад имаше водство од 0-2, а потоа и од 1-3, но Микел Ојарзабал со два гола во клучните моменти го насочи натпреварот во корист на гостите, додека Гонсало Гедеш ја потврди убедливата победа.

Реклама
Arena Sport

Сè започна уште во третата минута, кога Кубо продре по десната страна, а потоа испрати вистинска мајсторија во горниот лев агол за водство од 0-1. Во 26. минута Оскарсон излезе сам пред противничкиот голман и рутински ја затресе мрежата за 0-2, резултат со кој се замина на паузата.

Во второто полувреме следуваше вистинска голеада, со дури пет погодоци во период од само 20 минути. Во 54. минута Нино, по одлична акција на домашниот тим и асистенција на Мартинез, силно шутираше под пречката и ја намали негативата на 1-2.

Само пет минути подоцна на сцена стапи капитенот Ојарзабал. По додавањето од Кубо, тој упати прецизен удар по земја во блискиот агол за водство на Реал Сосиедад од 1-3.

Сепак, Малага не се предаваше, па во 66. минута Мартинез постигна гол кој сериозно ќе конкурира за наградата „Пушкаш“. По корнер и долга акција на домашните, топката по еден блок се одби до Мартинез, кој со удар од надворешната страна на стапалото ја испрати во подалечниот агол за 2-3.

Но, одговорот на гостите беше експресен. Само една минута подоцна Ојарзабал повторно прецизно шутираше по земја и му донесе на својот тим предност од 2-4. Во 73. минута Оскарсон беше на сантиметри од еврогол, но ја погоди пречката. На одбиената топка налета Гедеш, кој ја смести во мрежата за конечни 2-5.

Со оваа победа Реал Сосиедад се искачи на петтото место на табелата со 16 бодови, додека Малага останува на последната позиција со само четири освоени бода.

Реклама
Arena Sport