Други спортови

Во Бугарија убиен поранешен европски шампион!

Во Бугарија убиен поранешен европски шампион!

Бугарскиот спортист, политичар и бизнисмен Славчо Бинев е убиен денеска во Софија, на 60-годишна возраст.

Според првичните информации, Бинев бил застрелан во својот дом во населбата Павлово. Полицијата веднаш покренала истрага за да ги утврди сите околности на убиството. Бугарските медиуми наведуваат дека се уапсени три лица осомничени за поврзаност со злосторството. Истражителите ги проверуваат нивните можни улоги во убиството.

Една од истражните насоки се однесува на можни финансиски несогласувања. Сепак, официјалниот мотив за убиството сè уште не е утврден. Бинев беше познато име во бугарскиот спорт. Во 1992 година ја освои европската титула во теквондо, а подоцна ја извршуваше и функцијата претседател на Бугарската теквондо федерација.

Покрај спортската кариера, со години се занимаваше и со политика. Беше пратеник во Европскиот парламент и пратеник во бугарскиот парламент, а во јавноста беше познат и по своите бизниси во угостителството.

Ќе потсетиме, пред неколку недели беше убиен и првиот човек на Ботев, Илијан Филипов, по што во Бугарија владее прилично хаотична состојба.