Ракомет

Воркапиќ избран во тимот на колото во Лигата на шампиони (ВИДЕО)

Воркапиќ избран во тимот на колото во Лигата на шампиони (ВИДЕО)

Српскиот репрезентативец Вукашин Воркапиќ се најде во идеалниот тим на четвртото коло од ракометната Лига на шампионите, откако блесна во дресот на Вардар на гостувањето кај Висла Плоцк (32-33).

Воркапиќ постигна осум гола од исто толку обиди, но тоа не беше доволен за „црвено-црните“ да стигнат до првите бодови во елитното европско натпреварување сезонава.

И покрај поразот, Воркапиќ доби признание од Европската ракометна федерација (ЕХФ) и се најде меѓу најдобрите ракометари во колото.

Во идеалниот тим се избрани и голманот Апелгрен, како и Фрајхефер, Зендер, Анжиќ, Милер, Шипжак и Милитару.