Кошарка

Вознемирувачка сцена во НБА: Кошаркар си ја скрши ногата при обид за забивање (ВИДЕО)

Вознемирувачка сцена во НБА: Кошаркар си ја скрши ногата при обид за забивање (ВИДЕО)

Победата на Оклахома сити тандер против Лос Анџелес Клиперс (108-101) остана во сенка на тешката повреда на Џејлен Вилијамс, кој го напушти паркетот на носилки во самата завршница.

Повредата се случи за време на пробив под кош на противничката половина, кога беше направен прекршок врз Вилијамс. По несреќниот пад стана јасно дека кошаркарот има тешка повреда на левата нога.

Докторите веднаш интервенираа на теренот, а по неколку минути Вилијамс на носилки беше изнесен од паркетот.

Видеото е вознемирувачко и може да се погледне ТУКА.