Фудбал

Внукот на Хаџиевски постигна необичен гол од половина терен (ВИДЕО)

Внукот на Хаџиевски постигна необичен гол од половина терен (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач, Георг Стојановски, кој е внук на славниот наш стратег, Ѓоко Хаџиевски, даде луд погодок на почетокот од новата сезона во бугарската лига.

Фудбалерот на Спартак Варна го отвори голгетерското конто во новиот шампионат, откако во ремито 2-2 против ЦСКА 1948 погоди од својата половина. Во 13. минута, Стојановски ја освои топката во близина на централниот круг, повлече неколку чекори , шутиршае и успеа да го изненади противничкиот голман.